Мицкоски: Треба да се даде шанса на дијалогот со Софија, но не по секоја цена
На дијалогот кој треба да се воспостави со Софија треба да му даде шанса, смета премиерот Христијан Мицкоски. Сепак, тој е дециден дека остануваат на своите ставови во однос на деблокадата на европскиот пат на земјата.
Тој ја обвини опозициската СДСМ дека „си измислува тези“ додавајќи дека од оние кои сега го критикуваат, наследил катастрофална преговарачка позиција.
„Јас сум кажал дека ќе се борам за да обезбедам подобра преговарачка позиција, но никогаш не сум кажал и не сум гледал на штоперица како секундант дека тоа ќе го сторам во рамките на првите недели или месеци. Никогаш тоа не сум го кажал. Мојот мандат којшто го добив од граѓаните е четири години, потоа следат нови избори“, изјави Мицкоски прашан за обвинувањат на СДСМ дека не го исполниле предизборното ветување за обезбедување подобра преговарачка рамка со ЕУ.
Во контекст на тоа дека веќе има стабилна политичка Влада во Софија, прашан дали ги контактирале колегите за да се започнат дијалог и што им одговориле, а доколку не кога ќе го направат тоа, тој кажа дека во моментов нема детали што би ги соопштил.
„По било која цена немаме намера да одиме со главата во ѕид, по која било цена нема да потпишуваме сè што ќе ни биде ставено на маса“, додаде Мицкоски.
За изјавите од бугарското МНР дека нема заедничко чествување на Гоце Делчев со македонската Влада затоа што Владава не го почитувала Договорот за добрососедство, премиерот одговори дека според него прв кој не го испочитувал Договорот за добрососедство е токму бугарската Влада во 2019 година.
„Доколку тие сакаат да го почитуваат и чествуваат ликот и делото на македонскиот великан, идеолог и револуционер Гоце Делчев добредојдени се. Секој којшто сака да го почитува ликот и делото на Македонецот Гоце Делчев слободен е да дојде и тоа го направи, јас не гледам никаква пречка во тоа“, посочи Мицкоски.