ru24.pro
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3 4 5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Учениците изгласаа блокада на Средното медицинско училиште во Суботица

0
Учениците од Средното медицинско училиште во Суботица, на северот на Србија, со мнозинство на пленумот изгласаа одлука за блокада на училиштето на 4-ти февруари.


Училиштето веќе е во законски штрајк, со скратени часови од по 30 минути.


Една од ученичките која не се претстави, во текот на протестот пред зградата на училиштето изјави дека се одлучиле на блокада поради солидарност со студентите како би можеле да се „изборат за правда“.


„Сите сме рамноправни. Денес е првиот ден од блокадата. Очекуваме уште поголема поддршка од професорите и учениците кои сè уште се двоумат поради разни притисоци, надворешни и од внатре“, посочи ученичката и ги повика сите училишта од градот на блокада.


Директорката на Средното медицинско училиште во Суботица, Наталија Трбовиќ Тољагиќ не ја признава одлуката на ученичкиот пленум. Радио Слободна Европа се обиде да земе изјава од директорката, но за време на протестот таа не беше во училиштето, а потоа не одговори на смс пораките.


Професорите од ова училиште се уште не се огласија во врска со блокадата на учениците.


Една од професорките, Гордана Башиќ, која таму работи три децении, изјави дека добиваат спротивставени информации од директорката и најави од неа дека часовите продолжуваат, и покрај одлуката на учениците да го блокираат училиштето.




„Има проблем со спроведувањето на часовите, децата се под притисок. Тие не беа во можност да ја потврдат одлуката на пленумот, бидејќи директорката не го признава како работно тело", изјави Башиќ за новинарите.


Учениците од Средното медицинско училиште во Суботица со 15-минутен молк им оддадоа почит на загинатите при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Им се придружија голем број ученици од гимназијата во Суботица и останати граѓани.



Гимназијалците, кои исто така ја блокираат работата на нивното училиште, во својот говор рекоа дека борбата за права и правда е „многу тешка" и дека затоа дошле да ги поддржат учениците од средното медицинско училиште.


„Никој од нас не е сам, сите сме заедно: средношколци, студенти и граѓани - ние сме една заедница која се бори за подобро утре. Ние сме во тешка позиција, но ќе го направиме тоа херојски, докторски", рече една од ученичките на гимназијата, која не се претстави.




Несреќата на железничката станица во Нови Сад која се случи на 1 ноември, при што животот го загубија 15 лица, предизвика бран на протести низ цела Србија.



Во изминатите два месеца, протестите беа предводени од студентите барајќи кривична и политичка одговорност за катастрофата. Потоа во блокада им се придружија и голем број средни училишта.



Владата, предводена од српскиот претседател Александар Вучиќ, тврди дека барањата на студентите се исполнети.



Студентите пак, порачаа дека Вучиќ не е компетентен да ги исполни нивните барања и дека тие ги продолжуваат своите протести.