Вучиќ до Фон Дер Лајен: Србија останува посветена на реформите
Српскиот претседател Александар Вучиќ во телефонски разговор со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на 4 февруари, рече дека Србија останува „посветена на забрзување на спроведувањето на реформската агенда и усогласувањето со критериумите на Европската унија (ЕУ).
Ова е работа која, според она што Вучиќ го наведе во објава на својот Инстаграм профил, треба да биде завршена до крајот на 2026 година.
„Го повторив моето очекување дека земјите-членки ќе го препознаат нашиот ангажман и напредок и ќе ѝ овозможат на Србија најдобро да го искористи новиот моментум во процесот на проширување, а првиот чекор би бил да се даде „зелено светло“ на отворањето на Кластерот 3. “, напиша Вучиќ.
Кластерот 3 вклучува осум поглавја, од кои пет беа отворени пред да се воведе концептот на кластери: економска и монетарна политика (Поглавје 17), претприемништво и индустриска политика (20), наука и истражување (25), образование и култура (26) и Царинска унија (29). Три поглавја чекаат отворање: Информатичко општество и медиуми (10), Даночна политика (16) и Социјална политика и вработување (19).
Србија ги започна пристапните преговори со ЕУ во јануари 2014 година, а во изминатите три години не отвори ниту едно поглавје или кластер. За да се отвори кластер, потребна е едногласна одлука на сите земји-членки на ЕУ.
Во декември 2024 година, гласови против отворањето на Кластерот 3 дојдоа од неколку земји, како што се Холандија и скандинавските и балтичките држави.
Советот на ЕУ во декември соопшти дека отворањето на Кластерот 3 со Србија ќе се разгледа откако земјата ќе постигне значителен напредок во областа на владеењето на правото, имено во поглавјата 23 и 24, како и во процесот на нормализирање на односите со Косово.