ru24.pro
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3 4 5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Јапонскиот премиер во посета на САД од 6 до 8 февруари

0
Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба ќе се сретне со претседателот Доналд Трамп во посета на Соединетите Држави оваа недела, изјави денеска (4 февруари) високиот владин портпарол Јошимаса Хајаши.


„Доколку околностите дозволат, тој ќе ги посети Соединетите Држави од 6 до 8 февруари и ќе го одржи неговата прва средба лице в лице со претседателот Трамп во Вашингтон“, рече Хајаши.


„Преку оваа посета се надеваме дека ќе изградиме силен однос на доверба со новата американска администрација и ќе го доведеме американско-јапонскиот сојуз на нови височини“, додаде тој.


Ишиба, меѓудругото, се очекува да разговара за понудата на  јапонскиот производител на челик Нипон Стил за купување на американската компанија „УС Стил“ блокирана од претходниот претседател Џо Бајден.




Повикувајќи се на загриженоста за националната безбедност, Бајден минатиот месец го блокираше купувањето на УС Стил од Нипон Стил во вредност од 14,9 милијарди долари, што е крајно необичен потег што ги вознемири властите во Токио.


Трамп, исто така, се спротивстави на договорот и во декември вети дека ќе го блокира и дека ќе користи даночни олеснувања и царини за развој на УС Стил.


Како што јавуваат локалните медиуми, Ишиба има намера да побара од Трамп да ја посети Јапонија што е можно поскоро.


Ишиба имаше краток телефонски разговор во ноември со тогашниот новоизбран претседател Трамп и наводно, неуспешно се обидел да се сретне со него пред неговата инаугурација во јануари.


Сепак, Трамп во декември беше домаќин на Акие Абе - вдовицата на убиениот поранешен премиер на Јапонија, Шинзо Абе - на приватна вечера со Меланија Трамп во нивната резиденција на Флорида.


Минатата недела Ишиба ја истакна важноста на блиските врски со САД за регионалната стабилност.


„Додека рамнотежата на силите во регионот претрпува историска промена, мораме да ја продлабочиме соработката меѓу Јапонија и САД дополнително, на конкретен начин“, рече Ишиба во парламентот.


Токио, исто така, мора „да продолжи да ја обезбедува посветеноста на САД во регионот, за да избегне вакуум на моќ што води кон регионална нестабилност“, додаде тој во својот политички говор.


Неговите коментари ја истакнаа нервозата околу военото зајакнување на Кина и политиката на Трамп „Америка на прво место“, што може да вклучи барање сојузниците како Јапонија да преземат поголем дел од трошоците за одбрана.


Јапонија и САД се клучни одбранбени сојузници и меѓусебни најголеми странски инвеститори.