ru24.pro
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Времето денеска променливо облачно

0
Денеска времето ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.


Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.


Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд.


Максималната температура ќе достигне до 16 степени.


Утрово најстудено било во Берово, Маврови Анови, Попова Шапка и Лазарополе каде биле измерени 0 степени, 2 било во Крушево, Битола, Прилеп, Струмица, Крива Паланка и Демир Капија, 3 во Штип, Кавадарци и Скопје-Зајчев Рид, 4 во Гевгелија, Претор, Велес и Скопје-Петровец, 5 во Тетово, Охрид и Виница.