Иран претстави нова балистичка ракета со долг дострел
Иран ја претстави новата балистичка ракета со дострел од 1.700 километри, а на церемонијата во Техеран присуствуваше и претседателот на земјата Масуд Пезешкијан.
Државната телевизија прикажа снимка од ракетата Етемад „со максимален дострел од 1.700 километри“, наведувајќи дека тоа е „најновата балистичка ракета“ развиена од иранското Министерство за одбрана, пренесува АФП.
„Развојот на одбранбените способности и вселенските технологии треба да гарантираат дека ниту една земја не се осмелува да нападне иранска територија“, рече Пезешкијан.
Западните земји се загрижени за напредокот во балистичката програма на Иран, обвинувајќи го за дестабилизација на Блискиот Исток.
Церемонијата во Техеран се одржа на Националниот ден на воздухопловството на Иран и неколку дена пред 46-годишнината од создавањето на Исламската Република, 10 февруари 1979 година.
Во исто време, Техеран ја сигнализираше својата подготвеност да ги рестартира преговорите за својата нуклеарна програма, која со децении е предмет на тензии со западните земји.
Откако беше под ембарго за оружје за време на војната со Ирак помеѓу 1980 и 1988 година, Иран има значителен арсенал домашно оружје, вклучувајќи проектили, системи за противвоздушна одбрана и беспилотни летала.