Студенти цела ноќ блокираа мост во Нови Сад, добија поддршка од колеги од Словенија
Цела ноќ „Мостот на слободата“ во Нови Сад остана блокиран, а студентите спиеја во шатори или на стиропор.
Студенти на три новосадски факултети, со поддршка на своите колеги кои пеш пристигнаа од Белград, како и моторџии и граѓани, вчера ги блокираа сите три моста во Нови Сад, на денот кога поминаа три месеци од несреќата кај железничка станица во која загинаа 15 лица.
Многумина утрото го дочекаа на мостот, а некои пристигнаа во раните утрински часови да појадуваат со „ноќната смена“, јавува репортерот на РСЕ.
„Сега е време за смена на луѓе, многумина ноќеваа на мостот, а сега пристигнуваме да ги замениме, да ги поддржиме“, вели Милица, студент по медицина.
„Оптимисти сме, со нас се сè поголем број луѓе. Конечно наместо на тераси и прозорци, граѓаните ни се придружуваат на улица“, вели Ѓорѓе, студент на Медицинскиот факултет од Нови Сад.
Неговиот факултет е во карантин повеќе од педесет дена.
Граѓаните пристигнуваат за претпладневното продолжение на блокадата на Мостот Слобода. Жени од Нови Сад подготвуваат појадок за студентите.„Им правиме пити, им правиме кафе, имаме и бурек за гладните“, вели за РСЕ една новосаѓанка.
Група студенти отишле на утринско трчање додека некои се одлучиле за фудбал на маса.
Студентскиот парламент на Факултетот за хуманистички науки во Копер, Словенија во неделата ги поддржа студентите од Србија кои протестираа и им порача дека не се сами, туку дека со нив се и нивните колеги од Словенија.
„Вашите барања се јасни и покрај сите можни техники за пренасочување на вниманието, тие сè уште остануваат неодговорени. Ако вашите зборови се толку силни што спротивната страна се обидува да ги сокрие преку физичко насилство, тогаш знајте дека сте во право“, велат тие.
Додаваат дека поентата на универзитетот е студентите да имаат право јавно да го кажат своето мислење, дека имаат право да зборуваат без никој да ги замолчи.
Поддршка испрати и Студентскиот парламент на Факултетот за хуманистички науки на Универзитетот во Приморска од Копер и професорката Сандра Башиќ Хрватин.
Барањата на студентите за прекин на блокадите вклучуваат објавување на целосна документација за реконструкција на железничката станица во Нови Сад, за утврдување одговорност за несреќата од 1 ноември 2024 година.
Тие бараат и напаѓачите на демонстрантите ширум Србија, за време на протестите кои следеа по несреќата, да бидат идентификувани и да се соочат со кривична одговорност.
Барањата вклучуваат и ослободување на активистите уапсени за време на протестите, прекин на кривичната постапка против нив и зголемување на буџетот за универзитетите.