ru24.pro
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

ВМРО ДПМНЕ спрема анкети за кандидати за градоначалници

0
На почетокот на февруари ќе ја започнеме процедурата со интерните анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните локални избори и успешно ќе ја завршиме, посочи денеска од Кочани премиерот Христијан Мицкоски.


-Се уште не сме почнале со реализирање на анкетите. До сега траеше внатрешно партиската и внатрешно коалициската процедура за номинирање на личности, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по денешното доделување клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Кочани.


Како претседател на партијата и Извршниот комитет, додаде, го задржуваме правото да предложиме имиња за кои мислиме дека треба да бидат дел од овој процес на анкетирање, надвор од списокот кој е доставен од општинските комитети.


Прашан дали може да обелодени некои имиња, Мицкоски рече дека не може тоа да го направи во моментов.




РСЕ веќе пишуваше за тоа дека имиња на градоначалници, пратеници, министри веќе се слушаат како можни кандидати кои за околу девет месеци ќе ја бијат битката на локалните избори во Северна Македонија особено во Град Скопје и останатите поголеми општини. За официјални кандидатури е рано, но веќе се вртат промотивни видеа на социјалните мрежи, афирмативни изјави за своите визии, како и пораки дека изборите ќе бидат своевиден испит за дел од политичарите и ќе значат крај на нечии политички кариери.


Следните локални избори треба да се одржат во октомври 2025.


Последните локални избори се одржаа во октомври 2021 година. Од 80 општини и Градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата освои 42 градоначалнички места, како и главниот град каде како независна кандидатка ја поддржа актуелната градоначалничка Данела Арсовска. СДСМ, пак, освоија 16 општини, ДУИ 11. Алијанса за Албанците, Алтернатива и Беса, кои сега се дел од Вреди, вкупно добија четири градоначалнички места. ДПА, ГРОМ, коалицијата на ЛДП и ДОМ по една општина, а во Куманово и Дебарца како независни кандидати победија Максим Димитриевски и Зоран Ногачески.


Локалните избори следната година ќе бидат осми по ред од независноста на државата.