ru24.pro
World News in Macedonian
Февраль
2025
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Времето денеска надпросечно топло

0
Утрово донесе поладно време во споредба со изминатите неколку утрини. Сончево со појава на локална позначителна облачност, а во дел од котлините има појава на магла или на ниска облачност. Претежно е тивко.


Најниска температура до 7 часот утринава беше измерена во Берово, и тоа -4 степени, додека во исто време највисока минимална температура беше измерена во Крушево, и тоа 3 степени.


Инаку и денес (сабота) на повеќе места ќе имаме пријатни пролетни температури на воздухот, кој ќе бидат значително натпросечни за овој дел од годината и на многу места тие ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите југоисточни предели тие ќе се искачат дури и до близу 20 степени.


Утре (недела) ќе има поголема облачност и ќе има појава на повремен локален дожд со послаб интензитет,  на високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) ќе има послаби врнежи од влажен снег.