ru24.pro
World News in Macedonian
Январь
2025

За 40 отсто намален приходот на маркетите во Хрватска за време на бојкотот

0
За најмалку 40 отсто е намален приходот на маркетите во Хрватска на 31 јануари поради општиот бојкот на продавниците и услугите потикнат високите цени, покажуваат најновите податоци на Даночната управа.



Хрватската даночна управа соопшти дека бројот на издадени фискални сметки во малопродажбата од полноќ до 15 часот е намален за 31 отсто, додека вкупната вредност на издадените сметки е за 42 отсто помала во споредба со петокот, 17 јануари, кога немаше бојкот.



Во однос на претходниот петок, кога се одржа првиот еднодневен бојкот, бројот на издадени сметки во малопродажбата е за 18 отсто поголем, а вкупната вредност на издадените сметки за 15 отсто повисока.



Хрватската платформа за заштита на потрошувачите „Ало, инспекторе“ денеска повторно повика на бојкот на сите продавници, производи и услуги поради високите цени.






Одзивот на граѓаните е евидентен низ празните продавници и трговски центри во Загреб, каде што ретко кој влегува, а фотографии од празни маркети низ целата земја се објавуваат на хрватските портали и на социјалните мрежи на „Ало, инспекторе“.


Еднодневниот бојкот на маркетите беше успешен и покажа дека хрватските потрошувачи можат да го променат своето однесување, но, ќе видиме дали ќе го претворат во навика, вели во интервју за РСЕ професорот на Економскиот факултет во Загреб, Шиме Смолиќ. 


„Точните ефекти ги видовме врз основа на податоците за падот на продажбата на мало. Според податоците на Даночната управа, за време на бојкотот на продавниците во петокот, 24 јануари, бројот на издадените фактури е намален за 44% во однос на претходниот петок (17.01.2025), додека вкупниот износ на фактури е намален за 53 %. Со оглед на тоа, можеме да кажеме дека еднодневниот бојкот беше успешен“,вели Смолиќ.



Бојкотот доби поддршка од здруженија на потрошувачи, политички партии, синдикати и Владата. Хрватската влада го вклучи алармот. Ги ограничи цените на 70 основни производи, кои мораат да бидат истакнати на посебни рафтови. Иницијативата која почна во Хрватска, за брзо време се прелеа и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија.