ru24.pro
World News in Macedonian
Январь
2025

Расте бројот на заболени од грип, нови 1.878 случаи

0
Вкупно 1.878 случаи на заболени од грип и заболувања слични на грипот се пријавени во четвртата недела од 2025 година, што е за 33 отсто повеќе во споредба со претходната недела, соопшти Инстотутот за јавно здравје (ИЈЗ).


Најмногу заболени, 1066 лица, има во возрасната група од 15 до 64 години. Деца се 349, на возраст од пет до 14 години. Додека, 325 од новозаболените се деца на возраст до четири години. Регистрирани се 138 лица на возраст над 65 години



Најмногу заболени има во Скопје, 581 лице. Следуваат Кавадарци со 219, Куманово со 167, Струмица со 162 и Штип со 106 заболени. 




„Се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, што е над неделната граница за средна активност. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има широка географска активност на вирусот на грип. Процентот на позитивност е над границата од 10 отсто три недели по ред. Согласно овие податоци, Република Северна Македонија има среден интензитет на вирусот на грип“, соопштија од ИЈЗ. 



За заштита од грип, од ИЈЗ препорачуваат да се избегнува собирање и престој во простории каде престојуваат повеќе луѓе, особено да се избегнува близок контакт со луѓе кои се болни или сомнителни - кашлаат, киваат или имаат покачена телесна температура.



Досега, во Рублика Северна Македонија се вакцинирани вкупно 72.357 лица со бесплатна или со комерцијална вакцина против грип.