Авион со 64 патници се урна во Вашингтон по судир со воен хеликоптер
Патнички авион на Американ ерлајнс со 64 лица се урнал во реката Потомак што тече низ Вашингтон, откако се судри со воен хеликоптер над главниот град на САД, во близина на аеродромот Роналд Реган, соопштија тамошните власти.
Портпаролката на Белата куќа Керолин Левит изјави дека воен хеликоптер и патнички авион се судриле на регионален лет.
Поранешните руски светски шампиони во уметничко лизгање, Вадим Наумов и неговата сопруга Евгенија Шишкова, наводно се меѓу загинатите.
Руската државна новинска агенција ТАСС и спортскиот портал Sports.ru цитираат извори дека Наумов и Шишкова, освојувачи на двојни златни медали на Светското првенство во 1994 година, биле во авионот.
Двојката, која исто така победи во финалето на серијата шампиони 1995-1996, се пресели во Соединетите Држави откако ја заврши својата кариера во лизгање и станаа тренери.
Официјалните лица не соопштија бројка на загинати од судирот. Но сенаторот Роџер Маршал од Канзас, од каде што полетал авионот сугерираше дека сите во авионот загинале, велејќи на прес-конференција на аеродромот Реган дека „навистина е тешко кога ќе изгубите веројатно над 60 граѓани на Канзас истовремено“.
„Кога еден човек ќе умре, тоа е трагедија, но кога ќе умрат многу, многу, многу луѓе, тоа е неподнослива тага. Тоа е скршено срце,“ изјави тој.
Претседателот Доналд Трамп е информиран за несреќата изјави неговата портпаролка Каролина Ливит за Фокс њуз.
Во изјавата тој рече дека бил информиран за „страшната несреќа“ и им се заблагодарил на оние кои се вклучени во „неверојатната работа што ја вршат надлежните“. Тој рече дека ја следи ситуацијата и подоцна ќе даде детали.
Џек Потер, претседател и извршен директор на управата за аеродроми во Метрополитен Вашингтон, на истата прес-конференција истакна дека првите лица кои реагирале се во „режим за спасување“.
Си-Би-Ес Њуз објави дека се извлечени најмалку 18 тела, цитирајќи полициски службеник. Два извори за Ројтерс изјавија дека повеќе тела биле извлечени од водата.
Американ ерлајнс потврди дека нејзината регионална подружница ПСА превезувала 60 патници и четворица членови на екипажот во моментот кога се урнал во близина на националниот аеродром Роналд Реган во реката Потомак.
Авионот се судрил со хеликоптер Сикорски Х-60 на средна височина додека се приближувал кон аеродромот за слетување.
Хеликоптерот превезувал тројца воени лица, соопшти Пентагон.
На местото на несреќата во студените води на реката Потомак, во тек е акција за пребарување и спасување во која учествуваат полицајци и пожарникари.
Американ ерлајнс на Х објави дека е запознаен со извештаите дека еден од нејзините летови бил вклучен во инцидентот и рече дека ќе обезбеди повеќе информации штом ќе бидат достапни.
Во САД немало фатална несреќа на патнички авион од февруари 2009 година, но серија инциденти во последниве години покренаа сериозна загриженост за безбедноста.