Администрацијата на Трамп го укина замрзнувањето на федералните заеми и грантови
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска (29 јануари) ја повлече сеопфатната директива за запирање на федералните заеми, грантови и друга финансиска помош, посочи претставник на Белата куќа.
Изјавата доаѓа непосредно пред претставниците на администрацијата да се појават на суд каде втор ден по ред ја бранат ваквата мерка.
Сепак, и покрај укинувањето на директивата, Белата куќа тврди дека планот за замрзнување на федералната помош останува „во сила“.
Портпаролката на Трамп, Керолин Левит, изјави дека Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа го повлекла меморандумот со кој се наредува замрзнувањето со цел „да се стави крај на секоја конфузија“ откако американскиот суд вчера ја блокираше мерката.
Одлуката за укинување на директивата дојде непосредно пред федералниот судија во Род Ајленд да го разгледа барањето од 22 сојузни држави предводени од демократите и од округот Колумбија за привремена забрана на мерката. Мерката, сметаат тие, ќе има катастрофални ефекти врз нивните буџети.
Директивата за запирање на федералната помош беше еден од неколкуте обиди за реформирање на федералната влада откако Трамп ја презеде функцијата на 20 јануари.
Демократите реагираа дека тоа е незаконски напад врз авторитетот на Конгресот над федералните трошоци, додека републиканците во голема мера го бранеа ваквиот чекор на претседателот велејќи оти тоа е исполнување на предизборното ветување на Трамп дека ќе го заузда федералниот буџет од 6,75 трилиони долари.
Обидувајќи се да ја блокираат директивата, 23 државни обвинители излегоа со тврдења дека таа е неуставна бидејќи Конгресот веќе утврдил како ќе се трошат средствата. Обвинителите, исто така, рекоа дека тоа ќе ги загрози и фондовите за помош при катастрофи кои ќе и помогнат на Јужна Калифорнија да се опорави од шумските пожари.
Група непрофитни организации, вклучувајќи ги Националниот совет на непрофитни организации и Американското здружение за јавно здравје, реагираа дека Канцеларијата за управување и буџет нема овластување еднострано да ги прекине сите федерални програми за финансиска помош, како и дека директивата е насочена кон примателите на грантови.
Вршителот на должноста директор на Канцеларијата за управување и буџет, Метју Вет, претходно рече дека парите ќе бидат ставени во мирување додека администрацијата на Трамп не ја прегледа распределбата на парите за да се осигури дека таа е усогласена со приоритетите на претседателот.