Објавен оглас за „Македонско село“, треба да почне да работи од јуни 2025
Денеска (29 јануари) е објавен оглас за избор на концесионер за комплексот „Македонско село“, информираше владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР).
„Македонско село“ се наоѓа на падините на Водно, близу до скопското село Нерези, а условот кој го поставува СОЗР за идниот концесионер е комплексот да биде оспособен за работа од 1 јуни 2025 година.
Огласот, како што прецизираат од Службата, е поделен на четири дела, односно постои можност различни концесионери да се пријават за закуп на поединечни сегменти на комплексот или за комплексот во целина. Почетната цена за закупнина на целиот комплекс изнесува 240.000 денари, а почетната цена на концесијата на поединечните делови е 44.529 денари, 49.868 денари, 54.839 денари и 91.575 денари.
„На законски и транспарентен начин ќе биде одлучено кој во иднина ќе стопанисува со ’Македонско село‘. Изборот ќе се изврши по пат на електронско јавно наддавање, преку системот so кој управува и оперира Министерството за финансии – Управа за имотно правни работи. Веруваме дека со избор на нов концесионер, ќе придонесеме за развој на туризмот, ќе ја стимулираме локалната економија и ќе создадеме нови можности за вработување“, велат од СОЗР.
Оттаму очекуваат дека со обновата на „Македонско село“ ќе се создадат услови за посети од туристи и домашни гости, со што ќе се зајакне туристичката инфраструктура и понуда во регионот.
Комплексот се состои од 12 автентични куќи, со простории каде се претставени македонските занаети, некои делови се користат како хотелски соби, а некои имаат и ресторани. Изградбата започна во јуни 2011 година, како проект во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот премиер Никола Груевски. Официјално „Македонско село“ беше отворено на 22 јуни 2016 година.
Меѓутоа, тоа престана да работи во октомври 2018 година откако тогашните концесионери се повлекоа поради финансиски загуби. Претходната власт предводена од СДСМ имаше неуспешен обид да го трансформира комплексот во стартап село.
Како што пишуваше РСЕ, за пет години од неработењето на „Македонско село“, државата била во зијан за 368.000 евра. Од нив, државата акумулирала загуба од 150.000 евра за обезбедување на комплексот и неговото осигурување. Другиот дел од речиси 219.000 евра отпаѓа на изгубената закупнина.