Српскиот премиер Вучевиќ поднесе оставка
Српскиот премиер Милош Вучевиќ во вторник поднесе оставка.
Како што објасни, одлуката ја донел по нападот врз студентите во Нови Сад.
Вучевиќ најави дека во текот на денот оставка ќе поднесе и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.
„Градоначалникот на Нови Сад и јас се сметаме себеси за објективно одговорни за она што се случи во Нови Сад и за тоа доброволно ја плаќаме политичката цена“, рече Вучевиќ.
Тој ќе биде вршител на должноста премиер до изборот на нов.
„Во овој момент целата Влада е во технички мандат, со оставка на премиерот паѓа целиот кабинет, практично целата Влада е во оставка. Ние ќе си ја работиме работата одговорно додека не се избере нова Влада или додека да се донесе нова или поинаква политичка одлука“, рече Вучевиќ.
Тој додаде дека разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ и дека тој ја прифатил неговата одлука.
„Мислам дека со тоа ја покажуваме одговорноста на оние кои се избрани да бидат одговорни“, рече Вучевиќ на конференцијата.
Ден претходно српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе бара реконструкција на владата.
„Во овие тешки политички времиња, стана јасно кој е подготвен да работи и да се бори, кој не е, и соодветно на тоа, очекувам повеќе од 50 проценти од министрите да бидат сменети во многу, многу итна реконструкција“, рече Вучиќ на 27 јануари.
Тој изјави дека во изминатите три месеци по несреќата на Железничката станица во Нови Сад во која загинаа 15 лица, создадена е „атмосфера која никому не му одговара“.
„Во тие три месеци слушнавме разни обвинувања кон државните органи, повици за уривање на државата, слушнавме многу неодговорни изјави, не само од опозицијата, туку и од нас на власт“, додаде тој.
Студентите повеќе од два месеци блокираат повеќе од 60 факултети и бараат кривична и политичка одговорност за смртта на 15 лица во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Владините претставници тврдат дека се исполнети сите барања на студентите.
Академиците, пак, велат дека барањата се делумно исполнети и дека прекинот на работата на факултетите ќе продолжи до понатамошно известување.
Изминативе денови се одржаа неколку масовни протести на кои присуствуваа десетици илјади граѓани на повик на студентите кои ги блокираа универзитетите.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе обвинителен акт против 13 лица во врска со уривањето на настрешница во тој град на 30 декември.
Меѓу обвинетите се поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ и неговата помошничка Анита Димоски, како и поранешната директорка на јавното претпријатие „Инфраструктура Железнице Србије“ Јелена Танасковиќ.
Десет обвинети се во притвор, Весиќ е во бегство, а Танасковиќ и Димоски се во домашен притвор.