По Вучевиќ, оставка поднесе и Ѓуриќ, градоначалник на Нови Сад
Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, во вторник, 28 јануари, поднесе неотповиклива оставка.
Оставката следува по нападот на студенти во Нови Сад, кои биле нападнати и тепани од група мажи со безбол палки кога студентите лепеле налепници и цртале шаблони низ Нови Сад.
Еден ученик е тешко повреден и се наоѓа во Ургентниот центар.
„Како некој кој верува во моќта на дијалогот и меѓусебното разбирање, верувам дека прифаќањето на одговорноста и поднесувањето оставка е моја човечка и политичка обврска и морална должност“, се вели во изјавата на Ѓуриќ.
Тој ја повика полицијата што поскоро да ги открие напаѓачите на студентот и правосудните органи да ги казнат согласно законот.
„Стабилноста и смирувањето на тензиите и запирање на понатамошните поделби во општеството се клучни услови за понатамошен напредок и развој на Нови Сад и за подобрување на животот на жителите на Нови Сад“, се додава меѓудругото во изјавата на Ѓуриќ.
Еден час претходно оставка поднесе и премиерот на Србија, Милош Вучевиќ.
„Градоначалникот на Нови Сад и јас се сметаме себеси за објективно одговорни за она што се случи во Нови Сад и за тоа доброволно ја плаќаме политичката цена“, рече Вучевиќ на прес-конференција.
Оставка на Вучевиќ и Ѓуриќ, како и објавување на комплетна документација за реконструкција на железничката станица во Нови Сад, беа првите барања на новосадската опозиција и студентите по несреќата во која загинаа 15 лица.
Во декември 2024 година, Собранието на Нови Сад расправаше за разрешувањето на Милан Ѓуриќ, кога советниците со мнозинство гласови го отфрлија неговото разрешување.
Неколку масовни протести, на кои присуствуваа десетици илјади граѓани, се одржаа во последните недели на повик на студенти кои блокираат повеќе од 60 факултети низ Србија.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе обвинителен акт против 13 лица во врска со уривањето на настрешница во тој град на 30 декември.
Меѓу обвинетите се поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ и неговата помошничка Анита Димоски, како и поранешната директорка на јавното претпријатие „Инфраструктура Железнице Србије“ Јелена Танасковиќ.
Десетмина обвинети се во притвор, Весиќ е во бегство, а Танасковиќ и Димоски се во домашен притвор.