Што е DeepSeek, кинеската компанија што ја потресе берзата?
Лудилото околу четбот со вештачка интелигенција создаден од кинескиот технолошки стартап DeepSeek ги потресе берзите во понеделник (27 јануари)и поттикна дебати за економската и геополитичката конкуренција меѓу Соединетите Држави и Кина во развојот на технологијата за вештачка интелигенција (AI).
Асистентот за вештачка интелигенција на DeepSeek беше на прво место меѓу бесплатните апликации на „Apple store“ вчера, поради интересот за конкурентот на ChatGPT.
Делот што ги загрижува некои аналитичари од технолошката индустрија е идејата дека кинески стартап ги стигна американските компании во генеративната вештачка интелигенција за само дел од нивната цена.
Тоа, ако се покаже дека е вистина, ги доведува во прашање огромните суми пари што американските технолошки компании велат дека планираат да ги потрошат на центри за податоци и компјутерски чипови потребни за понатамошно унапредување на вештачката интелигенција.
Сепак, публицитетот и недоразбирањата на технолошкиот напредок на DeepSeek исто така предизвикаа конфузија.
„Моделите што ги направија се фантастични, но тие не се чуда“, вели Стејси Расгон, аналитичарка од Бернштајн, која ја следи индустријата за чипови и е меѓу неколкуте аналитичари кои ја опишаа реакцијата на Волстрит како претерана.
„Тие не користат никакви иновации кои се непознати или тајни или нешто слично. Тоа се работи со кои сите експериментираат“, објаснува Расгон.
Што е DeepSeek?
Стартапот DeepSeek беше лансиран во 2023 година во Хангжу, Кина, а подоцна истата година го објави својот прв голем јазичен модел на вештачка интелигенција (LLM).
Нејзиниот извршен директор Лианг Венфенг претходно учествуваше во основањето на еден од најголемите кинески хеџ фондови, High-Flier, кој се фокусира на квантитативното тргување водено од вештачката интелигенција.
DeepSeek почна да привлекува повеќе внимание во индустријата за вештачка интелигенција минатиот месец кога објави нов модел со вештачка интелигенција за кој се пофали дека е на исто ниво со слични модели од американски компании како OpenAI создаден од ChatGPT, како и дека е поекономичен во користењето скапи чипови „Nvidia'“ за системи за обука со огромни количини на податоци. Неговиот четбот стана пошироко достапен кога се појави во продавниците за апликации на Apple и Google претходно годинава.
Сепак, паниката што следеше беше предизвикана од истражувачки труд објавен минатата недела на денот на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тоа истражување беше за друг модел на DeepSeek AI наречен R1 кој покажа напредни вештини за „расудување“ - како што е способноста да се преиспита пристапот кон математички проблем и беше значително поевтин од сличен модел што го продава OpenAI наречен o1.
„Како изгледа нивната економија, немам поим. Но, мислам дека цените ги исплашија луѓето“, вели Расгон.
Паралела со Спутник
Зад драмата околу техничките можности на DeepSeek се крие дебата во САД за тоа како најдобро да се натпреварува со Кина во областа на вештачката интелигенција.
„Deepseek R1 е момент на Спутник за вештачка интелигенција“, рече инвеститорот Марк Андрисен во неделното интервју на мрежата X, мислејќи на советското лансирање на сателитот во 1957 година што ја поттикна вселенската трка во Студената војна меѓу Советскиот Сојуз и Соединетите Држави.
Андрисен, кој го советуваше Трамп за технолошката политика, предупреди дека прекумерната регулација на индустријата за вештачка интелигенција наметната од американската влада ќе им пречи на американските компании и ќе и овозможи на Кина да напредува.
Сепак, вниманието на DeepSeek, исто така, се заканува да ја поткопа клучната стратегија за надворешна политика на САД во изминатите неколку години за ограничување на продажбата на американски чипови за вештачка интелигенција во Кина.
Некои експерти за односите меѓу САД и Кина не мислат дека ова е случајност.
„Технолошката иновација е реална, но тајмингот на објавувањето е политички“, вели Грегори Ален, директор на Центарот за вештачка интелигенција Вадвани во Центарот за стратешки и меѓународни студии.
Ален ја спореди минатонеделната најава на DeepSeek со објавувањето на нов телефон од Huawei под американски санкции за време на дипломатските дискусии во 2023 година за контролата на извозот наметната од администрацијата на Џо Бајден.
„Обидот да се покаже дека контролите на извозот се залудни или контрапродуктивни е навистина важна цел на кинеската надворешна политика во овој момент“, вели Ален.
На неговиот прв ден на функцијата минатата недела, Трамп потпиша извршна наредба во која се наведува дека неговата администрација „ќе ги идентификува и елиминира дупките во постојните контроли на извозот“, што укажува дека тој најверојатно ќе го продолжи и засили пристапот на Бајден.
Во меѓувреме Австралија изрази загриженост за приватноста во врска со кинескиот чет-бот со вештачка интелигенција DeepSeek. повикувајќи ги корисниците внимателно да размислат пред да го преземат.
Австралискиот министер за наука Ед Хусич повика на претпазливост.
„Има многу прашања на кои ќе треба да се одговори навреме за квалитетот, преференциите на потрошувачите, податоците и управувањето со приватноста“, изјави Хусич за националната телевизија ABC и додаде дека тој би бил исклучително внимателен околку ова.
Хусич рече дека кинеските компании понекогаш се разликуваат од западните ривали кога станува збор за приватноста на корисниците и управувањето со податоците.
Австралија во 2018 година го забрани кинескиот телекомуникациски гигант Huawei од својата национална 5G мрежа, наведувајќи ја загриженоста за националната безбедност.