ru24.pro
World News in Macedonian
Январь
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31

Мониторинг на изборите: Земале државни пари за рекламирање, а не се медиуми

0
На последните Парламентарни избори во Северна Македонија одржани во мај 2024, се основале голем број организации кои немале никаква врска со медиумите, а искористиле државни пари.


„Ќе отворат портал на интернет, ќе земат пари од државата и потоа нема никакво учество во политичкиот систем“, вели Сем Пауер, експерт за финансирање на избори.


Тој на денешниот (27 јануари) брифинг поврзан со проектот „Пари, медиуми и избори во Северна Македонија“, на Метаморфозис Фондација и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), сподели наоди од мониторингот на последните Парламентарни избори.


 „Голема е веројатноста оти се основаа голем број организации за да ги искористат државните средства, иако немаа никаква историја поврзана со медиуми и веројатно само го користеа системот во Македонија за да земат пари од државата и потоа истите да ги злоупотребат“, вели Пауер.


Тој истакна дека подготвен е извештај со препораки кои имаат за цел да ги затегнат правилата за распределувањето на јавните финансии за време на изборни кампањи, а потенцира и дека утврдиле говор на омраза и неопходни се измени на Изборниот закон за ова да се спречи.  


Мониторингот покажал дека политичките партии ги користат јавните субвенции наменети за рекламирање во кампања за да ги прераспределат на медиуми со позитивна уредувачка политика за нивните кампањи, првенствено според обемот на покриеност и тонот на известување.


„Информативните интернет портали (ИИП) со критичка уредувачка политика кон одредени партии или коалиции, беа видливо отсутни од партиските листи за ИИП кои објавуваат политичко рекламирање. Изборот на медиуми за рекламните банери во голема мера беше предодреден од политичкото расудување, отколку од логиката за политички маркетинг за да се зголеми онлајн видливоста на учесниците во изборите и да се допре до поголем број на потенцијални гласачи“, се посочува во мониторингот.




Посочено е и дека очигледно е оти помеѓу ИИП кои имале рекламен простор нарачан само од една од двете партии, најбројни се оние ИИП во кои ВМРО-ДПМНЕ нарачале рекламни банери.


Слична била состојбата и во однос на споредбата меѓу двете водечки коалиции во албанскиот политички блок – ДУИ и ВЛЕН/ВРЕДИ, каде што при мониторингот, велат, забележале дека се очигледни истите практики да се купи рекламен простор на ИИП првенствено или исклучиво од едната или другата коалиција.


Според наодите од мониторинг кај онлајн медиумите, 150 од онлајн порталите или околу 60 проценти имале платено политичко рекламирање. За онлајн рекламирање за време на парламентарните избори, бројките покажуваат дека се потрошени 811 илјади евра јавни пари.  


Со измената на Законот за финансирање на политичките партии во 2018 година, партиите си предвидоа наместо дотогашните 1.8 милиони евра од државниот буџет да добиваат 4.5 милиони евра.


До 2016 година, партиите сами си го плаќаа рекламирањето за избори во медиумите. Во 2018 година, на лидерска средба на која присуствуваа Зоран Заев, Али Ахмети, Христијан Мицкоски и Билал Касами договорија измени на Изборниот законик со кои државата ќе плаќа за рекламирањето на партиите за време на избори. За овие измени на Изборниот законик гласаа 101 пратеник.


Според последното истражување на Меѓународниот републикански институт ИРИ, за десет години од 2011 до 2021 година, од државниот Буџет се исплатени вкупно 26,5 милиони евра кон политичките партии во Северна Македонија.