ru24.pro
World News in Macedonian
Январь
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27
28
29
30
31

Хамас ослободи 4 израелски жени - војници во замена за 200 затвореници

0
Милитантите на Хамас, група означена како терористичка од страна на САД и ЕУ, му предадоа на Црвениот крст во градот Газа четири заробени израелски војници. Следуваше Израел кој ослободи 200 палестински затвореници во рамки на прекинот на огнот во Појасот Газа, јави агенцијата АП. 


Ослободени беа израелските војници Карина Ариев (20), Даниела Гилбоа (20), Наама Леви (20) и Албаг (19), беа заробени во нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година со што почна војната. 



За време на ослободувањето на израелските жени - војници,  стотици луѓе ја гледаа драмата што се одвива на голем екран на  плоштадот во Тел Авив.



Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху подоцна објави видео на кое се гледа како ослободените заложници беа пречекани во база на израелската армија. 


Меѓу 200-те ослободени палестински затвореници има и 120 милитанти кои беа осудени на доживотни казни како извршители на смртоносни напади. 




Толпата во Тел Авив, а исто и во градот Газа почна да се собира рано утрово во очекување на втората ваква размена меѓу Израел и Хамас откако минатиот викенд започна прекинот на огнот во Појасот Газа. Возбудата во Израел беше опиплива, со телевизиски станици исполнети со известувања во живо од насмеани водители на вести и новинари кои интервјуираа воодушевени пријатели и роднини на заложниците, пренесе АП. 


Примирјето има за цел да ја прекине најсмртоносната и најразорната војна што некогаш се водела меѓу Израел и Хамас.  Кревкиот договор досега се одржа, смирувајќи ги воздушните напади и ракетите и овозможувајќи зголемен проток на помош во малата крајбрежна територија.



Кога започна прекинот на огнот во неделата, тројца заложници држени од милитантите беа ослободени во замена за 90 палестински затвореници, сите жени и деца.


Во првата фаза од прекинот на огнот, кој започна на 19 јануари и ќе трае 42 дена, треба да бидат ослободени 33 заложници од Појасот Газа во замена за 1.900 Палестинци кои се наоѓаат во израелските затвори.


Во првата фаза од прекинот на огнот, која почна на 19 јануари и ќе трае 42 дена, треба да бидат ослободени 33 заложници од ПОјасот Газа во замена за 1.900 Палестинци кои се наоѓаат во израелските затвори.