ru24.pro
World News in Macedonian
Январь
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27
28
29
30
31

Папата повика на ослободување на сите „неправедно затворени“ новинари

0
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, објави порака во која повика на ослободување на сите „неправедно затворени“ новинари по повод јубилејот на светот на комуникациите, кој се одбележува од 24 до 26 јануари во Рим. 



Папата Франциск најпрво потсети на „сите оние кои биле затворени само затоа што биле верни на своите професии - новинари, фотографи, видеографи, сите оние кои сакале да ги видат настаните со свои очи и да му го пренесат на светот она што го виделе“, јави агенцијата АФП. 



Тој оцени дека слободата на новинарите ја зголемува слободата и на сите останати.  


„Барам, како што направив во многу претходни прилики и како што правеа моите претходници, да се брани и заштити слободата на печатот и слободата на изразување на мислите, како и основното право на информирање“, рече тој.




Папата ја осуди смртта на „сите оние кои ги жртвуваа своите животи во последната година, една од најсмртоносните години за новинарите“, пренесе АФП. 



Еден ден претходно, тој ја осуди новата ера која се карактеризира со „дезинформации и поларизација, ера во која неколку центри на моќ контролираат невидена маса на податоци и информации“, во контекст на контроверзите за улогата на социјалните мрежи во денешниот свет. 


Јубилејот на светот на комуникациите е првиот голем настан на Светата година. По тој повод во Рим се очекуваат илјадници новинари, експерти и комуникациски работници од целиот свет.


Светата година била воведена од Католичката црква во 1300 година и замислена да се слави на почетокот на секој век.