ru24.pro
World News in Macedonian
Январь
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23
24
25
26
27
28
29
30
31

Нови линии од скопскиот аеродром до Париз и Женева

0
Министерството за транспорт денеска (22 јануари) соопшти дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа Скопје - Женева и Скопје - Париз (аеродром Орли).


Овие две дестинации, се наведува во соопштението, се воведуваат на барање на дијаспората, а ќе ги оперира авиокомпанијата Изиџет, со тоа што линијата Скопје – Париз ќе започне да се оперира од 2 април, додека линијата Скопје -Женева од 3 ноември, оваа година.


Од ресорното министерство, овие две дестинации се дел од финансиската подршка што ја овозможува Владата преку Министерството за транспорт, а се во рамките на отворениот јавен повик за подршка за воведување на нови авиолинии.




Јавниот повик е се уште отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат критертиумите предвидени со повикот.


„Верувам дека ќе поттикнеме и други авиокомпании да се јават на повикот, со некои и веќе преговараме и очекувам воведување и на други дестинации од домашните аеродорми. Имаме потенцијал, имаме капацитет и верувам дека повторно ќе ја зголемиме конкурентноста на аеродормите во регионот. Дополнително на граѓаните им овозможуваме нови дестинации, а на нашите од дијаспората олеснување во комунакцаијата со своите блиски овде во Македонија“, истакнува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

 

Со овие две нови линии се зголемува бројката на 9 нови дестинации. Претходно се потпишаа договори за воведување на линиите: Охрид-Истанбул, Охрид-Базел  Мулхаус, Скопје-Дубаи, Скопје - Штутгарт, Скопје-Лион, Скопје-Барселона и за истите се овозможува финансиска подсршка по принципот на патник во доаѓање.