ru24.pro
World News in Macedonian
Январь
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Притвор од 30 дена за осомничениот за трговија со дрога Раде Трајковски- Штекли

0
Притвор од 30 дена доби осомничениот Раде Трајковски - Штекли од Кривичниот суд по приведувањето на 18 јануари. Тој е осомничен за трговија со дрога.  


Судијата на претходна постапка одреди притвор и за  други осумина осомничени кои се смета дека биле дел од криминалната банда на Штекли. Судот се одлучил за притвор за нив, поради опасност од бегство и можност да влијаат врз сведоци во тек на обвинителската истрага.


За еден од осомничените судот донел решение за куќен притвор. 


„Воедно, прифатен е и предлогот за определување на мерка притвор против две лица кои се недостапни за органите на прогон, а притворот почнува да се спроведува од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода“, се вели во соопштението од Кривичниот суд.




Во 2024-та година имаше три обиди за убиство на Раде Трајковски - Штекли во скопскиот трговски центар „Ист Гејт“ и неговата семејна куќа, кој според дел од медиумите се смета за близок до картелот „Беланоца“.


Претходно во декември минатата година Обвинителството почна истрага против 18 припадници на криминалната банда позната во јавноста како „Беланоца-Барон“ за сторени најмалку осум убиства, рекет, лихва и опожарени спортски обложувалници. Дел од уапсените,се сомничат дека наплаќале од 10 до 25о илјади евра за убиство.