ru24.pro
World News in Macedonian
Январь
2025

Првиот дел од железницата кон Бугарија, пуштен во употреба

0
Железничката пруга Куманово - Бељаковце, дел од Коридорот 8,  денеска беше пуштена во употреба. Пругата е со должина од 30,8 километри и вклучува три нови железнички станици, шест стојалишта, пет мостови, еден тунел и многу други инфраструктурни објекти.


Премиерот Христијан Мицкоски, на настанот по повод пуштање во употреба на пругата, изјави дека Коридорот 8  претставува подеднакво значаен и стратешки проект заедно со Коридорот 10.


-Овие два коридори се главен приоритет за оваа влада, бидејќи како држава претставуваме приодна раскрсница на овие два коридори и ова треба да претставува наша предност во споредба со другите држави во регионот, рече премиерот.


Додаде дека наскоро ќе се заврши и втората секција, како и тендерската процедура од третата секција.




„Јас сум убеден дека наскоро ќе се заврши и втората секција во рокот кој што е предвиден во договорот. Многу скоро ќе заврши тендерската процедура од третата секција со што ќе бидеме целосно поврзани со нашиот источен сосед, а со тоа ќе бидеме и дел од еден многу важен коридор не само за ЕУ, туку и за НАТО, додаде премиерот.


На железничките станици и стојалишта е инсталирана сигнално-телекомуникациска опрема во вредност од 10 милиони евра, што вклучува алуминиумски седишта, челични настрешници, дисплеи и лед осветлување.


Пругата Куманово - Бељаковце е со должина од 30,8 километри и на неа се изградени три нови железнички станици (Ново Куманово, реконструирана постоечката железничка станица Куманово, 6 стојалишта, 5 мостови, 1 тунел, пропусти со различен дијаметар, заштита на наклони, одводни канали, пристапни патишта, звучни бариери, потпорни ѕидови, горен строј и сигнализација и телекомуникација. На железничките станици и стојалишта е инсталирана сигнално-телекомуникациска опрема во вредност од 10 000 000 евра, алуминиумски седишта, челични настрешници, дисплеи, лед осветлување.