ru24.pro
World News in Macedonian
Январь
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Рокас порача да се искористи моментот на наклонетост за проширувањето на ЕУ

0
Tреба да се искористи моментумот на наклонетост во Европската комисија кон вашата земја за почеток на преговори за членство во  Унијата. Ова денеска го истакна амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Михалис Рокас денеска во Парламентот, на заедничка седница на собранискиот Национален совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања, на чиј дневен ред беше Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2024 година.


Според Рокас сите политички партии треба постојано да придонесуваат за јакнење на улогата на Собранието како форум за конструктивен и инклузивен политички дијалог во насока на забрзување на реформите за членство во Европската Унија.


„Би сакал да ве поттикнам да го искористите тековниот  момент на наклонетост кон проширувањето. Има вистински моментум, има вистинска посветеност. Од наша страна сме посветени и подготвени да ви помогнеме да го изодите патот кон Европската Унија. Како што сите сведочевте во последните неколку извештаи од Брисел, има голем интерес и благонаклонетост кон Република Северна Македонија да се отвори првото поглавје во преговорите. Новиот претседател на Советот, новиот комесар за проширување и новиот потпретседател на Комисијата Калас, сите ја изразија поддршката за вашиот пат кон ЕУ, рече евроамбасадорот.




Им порача на пратениците да ја искористат „на најдобар можен начин оваа можност, пред се и над се заради придобивките за граѓаните кои сакаат да бидат дел од Европската Унија“.


Евроамбасадорот укажа дека изборите и именувањата „на одредени позиции во државни институции и агенции треба да бидат навремени и да се темелат на заслуга“ и европско знаменце при донесување закони да се употребува само кога се работи за закони за усогласување со законодавството на Европската Унија.


Новиот собраниски состав треба да ја забрза својата работа и да продолжи со реформите коишто се неопходни за процесот на евроинтеграција на државата вклучително и уставните измени. 


Осврнувајќи се на извештајот на ЕК, тој посочи дека десеттиот парламентарен состав го извршил својот мандат главно задоволително, имало политичка поларизација и, како што рече, „имаше одредено задоцнување во однос на назначување одредени функции во институциите на државата“.




- Парламентарните и претседателските избори беа компетитивни и се одржаа во главно задоволителна атмосфера. Сепак, имаше ограничен напредок во однос на препораките од  ОБСЕ и Венецијанската комисија и Комисијата за човековите права и тие треба да се имплементираат што е можно поскоро на инклузивен и сеопфатен начин пред следните избори. Собранието не успеа да го постигне двотретинското мнозинство потребно да се направат измени во Уставот и да се вклучат граѓаните коишто живеат во границите на оваа држава, меѓу другите и Бугарите. Немаше ни консензус во однос на процесот за усвојување на закони, меѓу кои и законите за реформи во јавната администрација и правобранителот, рече Рокас.


Додаде и дека Северна Македонија се усогласила целосно со надворешната заедничка безбедносна политика и се приклучила кон санкциите а ЕУ против Руската Федерација со што, како што рече, „ уште еднаш покажа дека е доверлив партнер на Унијата“.