ru24.pro
World News in Macedonian
Январь
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Предизвикот на ТикТок „фати го предаторот“ однесе пет тинејџери пред суд

0
Пет тинејџери од колеџот во Масачусетс на 16 јануари прв пат се појавија во судница по обвинението дека планирале да намамат маж во нивниот кампус преку апликација за запознавање, а потоа да го киднипираат како дел од предизвикот кој е тренд на ТикТок „фати предатор“.



Учениците кои се запишани во приватното римокатоличко училиште во Ворчестер, беа изведени во судница под обвинение за заговор и киднапирање пред Окружниот суд во Ворчестер.


Обвинетите кои се на возраст од 18 до 19 години се изјаснија за невини. Следното рочиште им е закажано за 28 март. Според обвинението, тинејџерите преку апликацијата Тиндер оствариле контакт со мажот кој што сакале да го намамат во кампусот. 



Една од девојките обвинети во случајот се соочува и со дополнително обвинение за заплашување сведоци. Момче од оваа група е дополнително обвинетo и за напад. 


Станува звор за обид на групата да намамат 22 годишен активен воен припадник да дојде во кампусот. Според исказот на 22 годишната жртва во полицијата, тој бил во градот дојден за погреб на неговата баба во октомври и „само сакал да биде покрај луѓе кои се среќни“.


Тој рече дека една студентка чиј профил на Тиндер вели дека има 18 години го поканила и го однела во дневната соба во подрумот. 


„Неколку минути подоцна „група луѓе излегоа од никаде и почнаа да го нарекуваат педофил“, обвинувајќи го дека сака секс со 17-годишни девојки“, се вели во полицискиот извештај.






Мажот на полицијата и рекол дека се ослободил и најмалку 25 луѓе го бркале до неговиот автомобил, каде што бил удрен со тупаница во главата.  Тој побегнал и повикал полиција.



Видеото од надзорот на кампусот покажува голема група студенти, вклучително и девојката со која контактирал, „сите со мобилни телефони во рака во, нешто што наликува како да го снимаат целиот настан “, се вели во полициското соопштение.


„Тие се гледа како се смеат, извикуваат во нешто што се чинеше дека е „намерно организиран настан“, а нема докази што укажуваат на тоа дека мажот барал сексуални односи со малолетни девојчиња“, се вели во полицискиот извештај.



По нападот, сега веќе обвинетата девојка го пријавила 22 годишниот маж во полиција како сексуален предатор и рече дека била исплашена од него.  Таа рече дека тој дошол во кампусот непоканет и дека му пратила порака на пријател кој го избркал.


Сето ова е лажно, заклучила полицијата на кампусот откако ги прегледала снимките од надзорот и открила дека „видеа од перспектива од прво лице“ се шират меѓу студентите.