Колку вреди ТикТок и кој би можел да го купи?
Популарната социјална платформа ТикТок може да биде забранета американската територија на 19 јануари. Ова може да се случи поради американскиот федерален закон кој ја принудува платформата за споделување кратки видеа да отстапи од нејзината матична компанија со седиште во Кина, БајтДансе (ByteDance) или да се откаже од своите активности во САД.
Досега неколку гиганти изразија интерес за купување на платформата, но од кинеската компанија во јавност постојано тврдеа дека не планираат продажба. Дополнително, експерти забележаа дека најверојатно кинеската Влада нема да одобри продажба на социјалната платформа во која влегува и толку посакуваниот алгориратам на ТикТок, јавува новинската агенција Асошиетет прес.
Но, додека не помине рокот, или додека Врховниот суд не преземе нешто, можноста за купување се уште е можна.
Колку вреди ТикТок?
Аналитичарот на Ведбуш (Wedbush), Ден Ајвс, проценува дека платформата ТикТок заедно со алгоритмот потенцијално вреди од 100 до до 200 милијарди долари и тоа во како што вели, „најдоброто можно сценарио“.
„Без алгоритмот тоа е од 40 до 50 милијарди долари“, рече Ајвс, додавајќи дека не верува дека БајтДанс и Пекинг ќе го продадат ТикТок заедно со алгоритмот.
Адвокатите на ТикТок и БајтДенс тврдат дека е невозможно да се забрани платформата, ни комерцијално ни технолошки.
Тие, исто така, велат дека секоја евентуална продажба на ТикТок, која кинеските власти веројатно ќе ја блокираат, без посакуваниот алгоритам, кој е „тајната состојка“ на платформата, ќе ја претвори американската верзија на ТикТок во остров исклучен од друга глобална содржина.
Американските официјални претставници предупредија дека комерцијалниот алгоритам е ранлив на манипулации од кинеските власти, кои можат да го користат за да ја обликуваат содржината на платформата на начин што е тешко да се открие.
Кој е сериозен за купување на ТикТок?
Бизнисменот милијардер и магнат за недвижности Френк Мекорт и неговата група за застапување на интернет неодамна објавија дека поднеле предлог за купување на социјалната платформа од БајтДенс.
Познатиот инвеститор во американските реалити бизнис серии познати како Шарк Танк (Shark Tank), милонер и основач на технолошка компанија Кевин О'Лири, исто така, покажа интерес за купување. Од неговата компанија не открија детали за понудата.
Доколку дојде до продажба, поранешниот сопственик на американскиот безбол тим Лос Анџелес Доџерс рече дека ќе планира да го реструктуира ТикТок и да им даде повеќе овластување на корисниците „за заштита на нивните дигитални идентитети и податоци“ со мигрирање на платформата во која ќе има протокол со отворен код кој овозможува поголема транспарентност.
Поранешниот американски министер за финансии Стивен Мнучин исто така презеде чекори за купување на ТикТок.
Набргу откако Конгресот ја усвои забраната, Мнучин изјави за телевизијта СНБС (CNBC) дека започнал да создава конзорциум од инвеститори со кои ќе се обиде да ја купи популарната компанија за социјални медиуми. Тој не понуди детали за тоа кој може да биде во групата инвестори или пак за потенцијалната вредност на ТикТок.
Кога Мнучин беше министер за финансии, тој и помогна на администрацијата на Трамп да постигне договор во 2020 година со кој на американските компании Оракл (Oracle) и Волмарт (Walmart) да можат да преземат голем дел од уделот во ТикТок по основ - национална безбедност.
Како можни купувачи во јавноста се свртеа и неколку други имиња на милионери како извршниот директор на Тесла (Tesla) Џими Доналдсон познат кај младите како јутјуберот Мистер Бист (MrBeast). Тој неодамна објави на социјалните мрежи можност за евентуално склучување таков договор. Интерес покажа и поранешниот извршен директор на Близард -Активижн (Blizzard-Activision), Боби Котик.
Поради недостиг на повеќе детали во јавноста за нивните понуди, останува нејасно дали овие купувачи се сериозни во намерите.
Дали Трамп може да интервенира?
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата на 20 ти јануари, неодамна побара од Врховниот суд одложување на спроведување на феделаниот закон за да може да изработи „политичка разрешница“ на прашањето за време на неговиот втор мандат.
Ако судиите, кои ги слушнаа усмените аргументи во петокот за законот, го усвојат неговото барање, потенцијалната забрана за ТикТок ќе биде одложена. Се очекува Врховниот суд да донесе одлука за неколку дена.
Тимот за транзиција на Трамп не понуди детали за тоа како Трамп планира да го спроведе своето предизборно ветување за „спасување на ТикТок“.
Откако Трамп ќе ја преземе функцијата, неговото Министерство за правда ќе треба да го спроведе законот и да ги казни сите потенцијални прекршители. Во средата, Пем Бонди, изборот на Трамп за државен обвинител, го избегна прашањето за време на сослушувањето во Сенатот за тоа дали ќе ја поддржи забраната за ТикТок.