Потрошувачите бараат ненајавени и почести кошнички со намалени цени
Организацијата на потрошувачи оценува дека немало значителен пад на цените со новогодишната кошничка, а Синдикатите в понеделник ќе ги објават пресметките за ефектите од оваа празнична мерка. Бараат од власта да не ги најавува кошничките со намалени цени за да се спречат манипулации од трговците.