ru24.pro
World News in Macedonian
Январь
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Француските пратеници ќе одлучуваат за недоверба на Владата

0
Францускиот премиер Франсоа Бајру се соочува со прво гласање на недоверба во Парламентот во четврток, со очекување дека овој предлогот веројатно нема да помине, јавува новинската агенција Франс прес.



Предизвикот во француското Собрание доаѓа по изјавата на Бајру оваа недела за политичката агенда на Владата, со која тој отвора вратата за нови разговори за пензиската реформа , како и за потребата за како што вели „прекумерните“ дефицити на Франција ви буџетот да се намалат годинава.


Неговиот говор предизвика осуда од поголемиот дел од опозицијата во парламентот каде Бајру нема апсолутно мнозинство, што ја прави неговата влада многу ранлива на гласање за недоверба што, доколку биде успешно, ќе го принуди да поднесе оставка.



Предлогот за недоверба, поднесен од страна на цврстата левичарска партија ЛФИ, сепак нема да ја добие поддршката од есктремно десничарската партија Нациоанален Собир (РН), рекоа членовите на партијата.



„Ние не мислиме дека гласањето за недоверба треба да биде гаџет за да се разбуди“, рече потпретседателот на РН, Себастиен Чену,  кој додаде дека неговата партија ќе ја суди Владата „не според нејзините зборови, но со своите постапки“.




Во отсуство на поддршка од екстремната десница, иницијативата за недоверба не може да ги добие 288 гласови неопходни за соборување на Бајру, дури и ако умерено-левичарските социјалисти се приклучат на иницијативата на ЛФИ, која сè уште беше неизвесна неколку часа пред гласањето.



Предлогот на 16 јануари е ставена на дневен ред на собраниска седница, а гласањето се очекува да биде доцна во вечерта. 



Француската политичка сцена беше втурната во хаос минатата година кога претседателот Емануел Макрон распиша избори за да изнајде излез од „политичкиот ќорсокак“, но изборниот резултат го врати  на сцена „безнадежно поделениот“ Долен дом.



Макрон призна дека неговата одлука за распуштање на Националното собрание доведе до „поделби“ и „нестабилност“. Уставните правила значат дека нови законодавни избори не можат да се распишат до јули.


Неговиот претходник, францускиот премиер Мишел Барние поднесе оставка од функцијата на на 5 декември 2024 година, откако пратениците од екстремната десница и левица гласаа за пад на неговата влада, втурнувајќи ја втората по големина економија на еврозоната подлабоко во политичка криза.