ru24.pro
World News in Macedonian
Январь
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Бугарија доби Влада, премиер е Росен Жељазков

0
Бугарскиот парламен избра нова влада која ќе ја преводи премиерот Росен Жељазков на седницата на 16 јануари. Новиот владин кабинет е сочинет од претставници на ГЕРБ-СДФ, БСП и „Има таков народ“ (ИТН).  Тој ќе биде поддржан и од фракцијата на Ахмед Доган во МРФ.



Четирите партии го избраа новиот состав на Советот на министри со 125 гласа „за“, а сите останати гласаа „против“.



Веста доаѓа откако ГЕРБ победи на изборите на 27 октомври. Претседателот Румен Радев во средата и го врачи првиот мандат на партијата за влада, кој веднаш го врати како исполнет. Во последните четири години во Бугарија имаше само две редовни влади, од кои ниту една не траеше повеќе од 9 месеци.


Новоизбраниот премиер Жељазков од собраниската говорница изрази благодарност до БСП и ИТН за потпишувањето на коалициски договор и до МРФ на Доган за поддршката на кабинетот.






Тој најави дека главните приоритети на владата ќе бидат владеење на правото и еднаквост пред законот, зајакнување на социјалната држава, заштита на слободата и плурализмот во медиумите и граѓанското општество, членството во еврозоната и спроведувањето на Планот за закрепнување и отпорност (RRP). ).



Опозицијата и на оваа седница ја обвини ГЕРБ за коруптивни практики. За време на владеењето на Бојко Борисов, според индексот на Репортери без граници, земјата беше рангирана меѓу најниските во Европа по слобода на говор. 


Владиниот кабинет на Желјазков вклучува тројца вицепремиери и 19 министерства. Во него ГЕРБ ќе има премиер и 11 министри, БСП ќе има еден вицепремиер и четворица министри, а ИТН ќе има четворица министри, од кои еден е и вицепремиер.


Во последните четири години во Бугарија беа одржани седум парламентарни избори. Во тој период, ГЕРБ 8 пати доби мандат да формира влада. Од нив, партијата на Бојко Борисов врати неисполнети вкупно пет мандати. ГЕРБ двапати предложи влада, но таа не успеа да обезбеди поддршка во парламентот. Така, кабинетот на Жељазков е првиот успешно завршен мандат за формирање влада на ГЕРБ од 2021 година.