ru24.pro
World News in Macedonian
Январь
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Ново одложување на повтореното судење за модуларната болница

0
По четврти пат се одложи повтореното судење по пожарот во тетовската модуларна болница. За повторување на судењето одлука донесе Апелацискиот суд Гостивар во април 2024 година, откако претходно првичната пресуда беше донесена на 5 јуни 2023 година. 


Во пожарот во модуларната болница во Тетово 14 луѓе ги загубија животите во пожарот на 8 септември 2021 година. Тие се лекуваа од ковид во рамки на Клиничката болница тетово.


Во повтореното судење последен пат рочиштетот се доложи на 5 ноември 2024 година. Денес рочиштето се одложи поради отсуство на судијата Јордан Велковски кој бил на боледување, а судијката која го заменуваше го закажа почетокот на судењето за 18 март 2025 година во 10 часот.


Првиот обид за повтореното судење беше на 26 јуни 2024 година, па се одложи за 25 септември кога исто така не се одржи јавна расправа.


Апелацискиот суд во април 2024 година донесе решение со кое наложи да има повторно судење за поранешните директори на тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми, како и Јавната здравствена установа Клиничка болница Тетово како правен субјект. 




За докторот Бобан Вучевски, Апелацискиот суд во април 2024 година ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената ослободителна пресуда за него.


На 5 јуни 2023 година Основениот суд Тетово одреди условна осуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“ во судскиот процес по пожарот во модуларната болница во Тетово во 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе. 


Судот тогаш одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.


Според пресудата, на обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми им беше утврдена казна затвор од по една година и шест месеци, условна осуда и утврдената казна затвор дека нема да се изврши доколку обвинетите секој за себе во време од по три години нема да сторат ново кривично дело. 


Правното лице требаше да плати парична казна во висина од еден милион денари, 30 дена по правосилност на пресудата.