ru24.pro
World News in Macedonian
Январь
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Муцунски - ЕУ да донесе стратешка одлука како ќе постапува со Северна Македонија

0
За жал оваа 2025 година одбележуваме еден многу неславен јубилеј - 20 години од стекнување на кандидатскиот статус за членство во ЕУ, изјави министерот за надворени работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.  


Тој денеска беше на работен појадок со амбасадорите на земјите-членки на Европската унија акредитирани во земјава, и со евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас. 


„Точно две децении во кои донесовме серија на крупни одлуки во која направивме болни компромиси во името на остварување на генерацискиот стремеж за членство во ЕУ. Крајно време е да продолжиме по европскиот пат. Подготвени сме за дијалог во добра волја, и изнаоѓање на рационални решенија“, рече тој:  


„Време е и Унијата да донесе стратегиска одлука за тоа како понатаму ќе се постапува со нашиот пример како своевиден лакмус за кредибилитетот на европската приказна во регионот и пошироко“, наведе Муцунски додавајќи дека очекува конечен почеток на пристапните преговори и отворање на поглавјата оваа година.  




Евроамбасадорот Михалис Рокас кажа дека со оптимизам гледа на претстојната година поради досега вложените многу напори, година која вели почна и со сечење на ленти за два многу важни проекти од Коридорот 8 и Коридорот 10. Тој зборување и за значењето на усвоената реформска агенда. 


„Кога вложуваме напори во испорачување резултати докажуваме дека се е возможно. Се надевам дека оваа година нема да се однесува само на сечење ленти, туку и на напредок во процесот на пристапување. Имаме одлична платформа со која можеме да работиме, реформската агенда е одличен документ, но исто така содржи и важни квадратчиња кои треба да се штиклираат во годината 2025-та“, рече Рокас.  


Северна Македонија од 2005 година е земја кандидат за членство во ЕУ, н о во моментов Бугарија како членка на ЕУ мора да даде зелено светло за отворање на преговорите. 


Скопје и Софија во 2017 година потпишаа Договор за добрососедство откако, но Бугарија во 2019 година стави вето Северна Македонија да добие датум за почеток преговорите за членство во ЕУ првично поради историски, јазичен и идентитетски спор. Сега Бугарија бара Северна Македонија да ги стави Бугарите во Уставот за да се одблокира процесот. 


Бугарското вето дојде откако претходно почетокот на преговорите со години блокираше Грција поради спорот за името, кој беше решен со потпишувањето на Преспанскиот договор во 2018 година и со промената на уставното име Република Македонија во Република Северна Македонија. 




Еврокомесарката за проширување Марта Кос на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) потенцираше дека Северна Македонија треба да покаже волја за промена на Уставот за да постигне напредок во процесот на пристапување кон ЕУ. 


„Се надеваме дека земјата ќе ја исполни обврската за промена на Уставот и тогаш, сигурна сум дека штом ќе почнеме да се движиме со Северна Македонија, исто така и со поддршка на Бугарија, ќе можеме да продолжиме на тој пат“, рече Кос, одговарајќи на прашање на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.