ru24.pro
World News in Macedonian
Январь
2025
1 2 3 4 5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Тридневна жалост во Црна Гора по убиствата на 12 луѓе во Цетиње

0
Црна Гора го одбележува првиот ден од тридневната жалост на 2 јануари по смртоносниот инцидент со масовно пукање на Нова година. Дванаесет лица, вклучително и две деца, беа убиени во Цетиње откако вооружен маж дивеше доцна на 1 јануари. Уште четири други луѓе беа ранети при пукањето.



Властите во Цетиње соопштија дека се откажани сите планирани настани и јавни собири во градот во наредниот период.  Откажани се и постновогодишните концерти во Подгорица, Будва и Котор.


Според полицијата, осомничениот стрелец, идентификуван како Ацо Мартиновиќ, се обидел да се самоубие, откако беше покрената потера по него. Тој починал на пат кон болница.



Црногорскиот министер за внатрешни работи Данило Сарановиќ на полноќна прес-конференција на 2 јануари изјави дека мотивот за убиствата е непознат.



Жртвите биле убиени на пет одделни локации. Меѓу убиените има и две деца на возраст од 10 и 13 години.


Од четворицата ранети во инцидентот, еден е во исклучително критична состојба, а другите тројца се во стабилна, но опасна по живот состојба, изјави Александар Радовиќ, раководител на Клиничкиот центар во главниот град Подгорица. каде се лекуваат пациентите.



„Четвртиот е во критична состојба, тој беше опериран рано утринава“, изјави Радовиќ.


Дивеењето започнало по тепачка во бар, соопштија официјални лица.


Полицијата во соопштението наведе дека инцидентот „не бил резултат на конфронтација меѓу организирани криминални групи“.



Мартиновиќ имаше условна осуда во 2005 година за насилничко однесување и беше осуден на една година затвор, но не се сметаше за лице од значителен безбедносен интерес. 


Директорот на полицијата Лазар Шќепановиќ изјави дека во 2022 година кај Мартиновиќ биле пронајдени оружје и експлозиви, што довело до тримесечна казна.



Се верува дека жртвите биле роднини, пријатели и кумови на Мартиновиќ. 



Премиерот Милојко Спајиќ ги посети во болницата ранетите. Спајиќ, исто така, најави дека владата ќе бара да воведе построги закони за оружје во Црна Гора, која долго време има релативно високи стапки на поседување оружје.


„Ќе разгледаме целосна забрана за носење огнено оружје“, рече тој.






Претседателот Јаков Милатовиќ рече дека е „шокиран и запрепастен“ од трагедијата.


„Наместо празнична радост... нас не обзема тага поради загубата на невини животи“, напиша  Милатовиќ на социјалната мрежа X порано позната како Твитер.



Во меѓувреме, други регионални лидери го изразија своето сочувство за убиствата.


Македонското Министерството за надворешни работи упати сочувство по масакрот што се случи вчеравечер во Цетиње, Црна Гора.


„Длабоко сме шокирани и тажни од трагичните настани во Цетиње, Црна Гора. Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време. Нашите мисли се со вас“, стои во објавата на МНР на социјалната мрежа Х.


Во изјавата на својот Инстаграм профил, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека реагирал на веста „со тага, неверување и жалење“. Тој, исто така, понуди поддршка, и вети „секаква форма на помош од Србија“.



Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман со телеграма  изрази сочуство


„За жал, насилството стана секојдневие и не познава граници“, напиша тој. 



Жељко Комшиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина, исто така, изрази сочувство и ја истакна својата поддршка за Црна Гора во телефонскиот разговор со Милатовиќ.



Амбасадата на САД во Подгорица им се придружи на другите во изразувањето на своето сочувство, велејќи во објавата на X дека „го изразуваме нашето искрено сочувство до семејството