Романија и Бугарија станаа членки на Шенген зоната
Романија и Бугарија, по 13 години чекање, на 1 јануари станаа полноправни членки на Шенген зоната.
Во март 2024 година беа укинати контролите на воздушните и поморските пристаништа, а кон средината на декември овие две земји добија согласност од нивните европски партнери да ги укинат контролите и на копнените гранични премини.
Влезот во Шенген зоната се означува на граничните премини на полноќ на 31 декември.
За Бугарите и Романците тоа значи дека сега ќе можат да возат до Франција, Шпанија или Норвешка без пасош.
Возачите и патниците повеќе не мора да покажуваат никакви лични документи, а автомобилите ќе поминуваат без контрола.
Од 2011 година Бугарија и Романија чекаат да станат членки на зоната за слободно движење на европскиот континент.
Според соопштението на Европската комисија, од декември 2023 година, кога Советот на ЕУ одлучи да ги пречека Романија и Бугарија во Шенген зоната, двете земји-членки ги презедоа сите неопходни мерки за да обезбедат непречена примена на шенгенските правила од 31 март 2024 година.
На тој датум, контролите на внатрешните воздушни и поморски граници беа укинати и почнаа да се применуваат шенгенските правила, вклучително и издавањето шенген визи.
Шенген зоната, основана во 1985 година, сега вклучува 25 од 27-те земји-членки на ЕУ и придружните земји Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.
Сега ќе има засилен надзор на бугарско-турската граница, која станува надворешна граница на Шенген зоната.