Кина тврди дека ги споделила сите информации за Ковид 19 „без да скрие нешто“
Пекинг тврди дека споделил информации за Ковид-19 „без да крие нешто“, откако Светската здравствена организација ја замоли Кина да понуди повеќе податоци и пристап за да се разбере потеклото на болеста.
Ковид-19, кој првпат се појави во централниот кинески град Вухан, уби милиони луѓе, ги уништи економиите и ги осакати здравствените системи.
СЗО во понеделникот објави соопштение во кое наведе дека е „морален и научен императив“ Кина да сподели повеќе информации.
„Ова е морален и научен императив. Продолжуваме да ја повикуваме Кина да сподели податоци и пристап за да можеме да го разбереме потеклото на Ковид-19. Без транспарентност, споделување и соработка меѓу земјите, светот не може да спречи и соодветно да се подготви за идни епидемии и пандемии“, предупреди СЗО.
Овој месец се одбележа петтата годишнина од појавата на епидемијата во Вухан.
Во текот на пандемијата со „Ковид-19“, СЗО постојано ги критикуваше кинеските власти за нивниот недостиг на транспарентност и соработка.
Тим од специјалисти предводени од СЗО и придружувани од кинески колеги спроведоа истрага за потеклото на пандемијата на почетокот на 2021 година.
Во својот последен извештај, комисијата ја смета „веројатна до многу веројатна“ теоријата дека коронавирусот потекнува од диви животински видови, а потоа се проширил на друг животински вид пред да се појави кај луѓето.
Сепак, потеклото и рутата на пренос не можат јасно да се дефинираат.
Оттогаш истражителите не можеа да се вратат во Кина, а претставниците на СЗО постојано бараа дополнителни податоци.