ru24.pro
World News in Macedonian
Декабрь
2024
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27
28
29
30
31

Ангеловска-Бежоска: Стабилноста на денарот е загарантирана, се очекува стабилизирање на инфлацијата

0
Стабилноста на денарот е загарантирана, а девизните резерви годинава се околу 40 отсто над нивото од периодот пред пандемијата, вели гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за Македонската телевизија. Таа додава дека се очекува  постепено стабилизирање на инфлацијата и следната година. 


Гувернерката, како што информира Народна банка, нагласила дека НБ преку своите мерки успеала да ја одржи макроекономската стабилност, како и стабилноста на курсот на домашната валута во однос на еврото.


Говорејќи за нивото на девизните резерви, како главен инструмент за одржување на стабилноста на курсот, гувернерката посочува дека тоа е значително повисоко во однос на претпандемичниот период и нагласи дека се должи на постојаниот откуп на девизи од страна на Народната банка на девизниот пазар во изминатите две години.




Во однос на инфлацијата, гувернерката истакнува дека по просечната инфлација од 9,4 отсто минатата година, таа во првите десет месеци од оваа година изнесува 3,4 отсто и дека се очекува натамошно постепено забавување и следната година. Сепак, гувернерката посочува и на одредени ризици.


„Важно е да се истакне дека цените на примарните производи се под значително влијание на геополитичките случувања, а тој дел сè уште е ранлив, постои голема неизвесност и потребно е големо внимание. Дополнителни извори на ризици се секако домашните фактори, особено пазарот на трудот, на кој треба да му обрнеме особено внимание за да не се соочиме со нови бранови на инфлациски движења“, вели Ангеловска-Бежоска.


Гувернерката истакнува дека поставеноста на монетарната политика и во иднина ќе биде условена од инфлацијата и девизниот пазар.