ru24.pro
World News in Macedonian
Декабрь
2024
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Онкологија ги доби биолошките лекови што недостигаа

0
Двата биолошки лека кои недостигаа на Клиниката за онкологија од денеска (16 декември) ги има за пациентите, изјави министерот за здравство Арбен Таравари. 


„Среќен сум да известам дека сите пациенти за кои недостигаше, од денеска ги имаат и овие два биолошки лека“, изјави Таравари на настан на кој беше најавен проект за унапредување на образованието за медицински сестри и акушерство.


Соопшти дека постојано е во комуникација со директорот на Онкологија и дека доцнењето се должело на тендерските процедури. 


„Процедурите за набавка на одредени лекови траат и ако објавите пред три месеци тендер  за тие лекови, мора да причекате и време на жалба  и одредени процедури. Бидејќи се работи за меѓународни тендери потребно е време. Има прекин од само неколку дена, меѓутоа јас сум за тоа и тогаш да се алармира“, рече министерот за здравство.




Во ревизорскиот извештај на Клиниката за онкологија за 2023 година беше истакнато дека биолошка терапија нема за сите пациенти, туку само за 24 отсто од нив.


„Од добиените податоци пациенти кои терапијата ја примаат во дневна болница чиј број во 2023 година изнесува 54423, утврдивме дека само 24% се приклучени на биолошка терапија“, пишува во ревизорскиот извештај.


Минатата година новинарските истражувања открија дека на Клиниката за онкологија се крадела биолошката скапа терапија за болни од карцином, а отворија и сомнежи дека пациентите добивале физиолошки раствор, и терапијата завршувала на црниот пазар.