ru24.pro
World News in Macedonian
Декабрь
2024
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

ЗНАМ против правење отстапки за влез во ЕУ

0
Лидерот на „ЗНАМ“ Максим Димитриевски е на иста линија со премиерот Христијан Мицкоски дека Северна Македонија нема да прави повеќе отстапки на патот за членство во Европската унија, затоа што досега направила отстапки како ниту една друга држава во ЕУ. За ова прашање, вели тој, премиерот има целосна поддршка од ЗНАМ.


„Џабе ми е мене како Македонец било какво членство во меѓунбародна организација ако јас не се чуствувам во тој момент ништо помалку од Македонец. Секој Македонец кој ќе биде соочен со ова прашање во текот на евроинтегративниот процес ќе ви каже не, доколку треба да се погази нашиот идентитет, култура и континуитет, рече Димитриевски во одговор на новинарско прашање по прославата на едногодишнината од формирањето на ЗНАМ.


Во врска со информациите дека министерката за надворешни и европски работи на Словенија, рекла оти Словенија и Германија подготвиле нон-пејпер кој предвидува дека во претпристапниот процес на Европската унија нема можност за вето или блокада поради билатерални прашања, Димитриевски рече дека поддржува вакви и слични иницијативи кои ќе се вратат на основите на формирањето на Унијата.




„За жал во моментов согласно поставеноста и постоечките правила во ЕУ секогаш поголемите ги користат моментите како членки на ЕУ да ги решат билатералните прашања. Нашето прашање со Бугарија е отворено и наметнато од една страна, тоа е нивната страна и во континуитет негациите доаѓаат оттаму, рече Димитриевски.


Вчера Премиерот Христијан Мицкоски пред заминувањето на самитот и како што самиот рече денеска пораките за него не се многу јасни во однос на Северна Македонија.


„Пораките од Брисел не се многу јасни, но нашата порака е јасна дека ние доволно направивме како тоа што не го стори ни една друга држава во ЕУ и сега гледате како една на друга земја по принципот на Бугарија, а во минатото и на Грција си ставаат вето, рече Мицкоски.


ЗНАМ е еден од коалиционите партнери во власта. 


Во врска со Националната платформа за македонско национално единство што ќе ја претстави утре и ќе ја понуди на сите политички парии тој истакна дека очекува сите да ја разгледаат и прифатат во целост до сите бидејќи, како што рече, таа ќе биде добра за сите кои живеат во државата.