ru24.pro
World News in Macedonian
Ноябрь
2024
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30

Хрватскиот обвинител го потврди приведувањето на министерот за здравство Берош

0
Хрватскиот државен обвинител Иван Турудиќ на 15 ноември потврди дека е уапсен министерот за здравство Вили Берош. Во меѓувреме хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го разреши Берош од должноста. Истрагата се води и против едно правно лице за примање и давање поткуп. Турудиќ изјави дека дека Берош се товари за тргување со влијание, додека според истрагата на Европското јавно обвинителство Берош е осомничен и за мито.


Турудиќ вели дека истрагата е под надлежност на Државното обвинителство на Хрватска (ДОРХ) и дека Европското јавно обвинителство (ЕППО) не постапувало согласно уредбите бидејќи не го информирало ДОРХ за истрагата. Тој смета дека ДОРХ е одговорен за овој случај бидејќи се работи за средства од државниот буџет.






„Нема да го контактирам со ЕППО, доколку предизвикаат судир на надлежност, тогаш ќе се одлучува за јурисдикцијата. И за тоа ќе одлучувам јас, односно надлежното национално тело ДОРХ“, рече Турудиќ.



Турудиќ потврди приведување на вкупно тројца осомничени, додека европските обвинители водат истрага против осум осомничени.


Хрватските медиуми јавуваат дека рано на 15 ноември истражителите упаднале во куќата на министерот Берош од Хрватската демократска заедница (ХДЗ), како и кај неколку други високопозиционирани лекари. 


Спорна е набавката на двојни микроскопи за неврохирургија, кои биле преплатени.


Некои медиуми објавија дека меѓу уапсените е и Крешимир Ротим, шеф на Клиниката за неврохирургија на КБ „Сестри на милосрдието“, јавуваат хрватските медиуми.


Берош е вториот министер во владата на Пленковиќ кој беше уапсен додека беше на функцијата. Пред него, во 2022 година, беше уапсен тогашниот министер Дарко Хорват под сомнение дека незаконски давал државни стимулации, а во таа истрага беше опфатен и тогашниот вицепремиер Борис Милошевиќ, како и некои други функционери.