Сивата економија ја чини државaта 700 милиони евра годишно
Северна Македонија е меѓу земјите во Европа со највисоки стапки на сива економија, што ја чини државната каса близу 700 милиони годишно евра од неплатени даноци, покажуваат анализите. Над 80 илјади работници работат во неформалниот сектор, најмногу во земјоделството, градежништвото и трговијата.
