ru24.pro
World News in Macedonian
Апрель
2023

Судскиот процес против Зеќири вратен на почеток

0
Судскиот процес за поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири денеска  повторно почна отпочеток. Причина за тоа се сменети членови на Судечкиот совет во процесот како и истечениот временски рок за оваа фаза од процесот. Зеќири е обвинет за  „злоупотреба на службена положба и овластување“ . 


„До Судот е доставено ново стручно мислење на вешто лице – психијатар, според кое заради влошување на психичката состојба на обвинетиот, се препорачува одлагање на судењата во следните три до четири недели“, соопшти Кривичниот суд минатиот месец. 




Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.






На 9 април минатата година на Зеќири му беше одредена мерка притвор, која што поради здравствени причини во јуни годинава му беше заменета со домашен притвор.