Во чиј џеб завршуваат парите од секоја сметка за струја?
Поскапување на струјата од Нова година ќе има, но не се знае колкаво. Опозицијата вели дека струјата ќе поскапи до 40 отсто, власта уверува дека ќе биде околу 10 отсто. Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски не сака да лицитира со бројки пред да се направат пресметките.
