ru24.pro
World News in Macedonian
Июнь
2020

Фрлена експлозивна направа во семејната продавница на Мисајловски

0
Утринава околу три часот во малата продавница во сопственост на семејството на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на главната улица во Ѓорче Петров била фрлена експлозивна направа и направена само материјална штета, објави на фејсбук профилот Мисајловски.


Од МВР соопштија дека по пристигнување на полициските службеници на местото на настанот забележано е дека влезната врата е целосно извадена од лежиштето и причинета е материјална штета, па постои основано сомнение дека се работи за подметната експлозивна направа. Од полицијата велат дека сеработи на расчистување на случајот.


Инаку потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајлосвки е носител на втората изборна единица.