ru24.pro
World News in Macedonian
Январь
2018

Фич го зголеми кредитниот рејтинг на Хрватска

0
Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на Хрватска, првпат од 2004 година, објави хрватската агенција Хина.


Рејтингот на земјата се зголемува од „ББ" на „ББ +" со стабилна перспектива. Одлуката е произлегува од одличната туристичка сезона и подобрувањето на јавните финансии, наведе Хина.


Економскиот раст на Хрватска во 2017 година остана на ниво од три отсто, а очекувањата се дека и во прогнозираниот период растот ќе продолжи. Економистите, исто така, очекуваат ниско ниво на инфлација.


Премиерот Андреј Пленковиќ рече дека зголемениот кредитен рејтинг на Хрватска е „добра вест", и охрабрување за владата да продолжи на патот на реформите.


Министерот за финансии Здравко Мариќ ја опиша оценката на Фич како признание за напорите и резултатите на владината економска политика.