ru24.pro
World News in Macedonian
Июль
2017

Од 2018 МиГ-35 активно ќе се испорачува на руската армија

0

Министерството за одбрана на Русија планира од 2018 да почне со набавка на ловецот  МиГ-35. Ова за новинарите го изјави во вторникот заменик-министерот за одбрана на Русија Јуриј Борисов.

Четири главни сензации на Макс-2017

„Завршуваат тестирањето и конструкторските работи, се надеваме дека од 2018 година ќе реализираме купување во интерес на Вооружените сили“, изјави Борисов на авиосаемот МАКС-2017, пренесува ТАСС.

МиГ-35 е најновиот руски повеќенаменски ловец од генерацијата 4++, кој претставува понатамошен чекор во развојот на авионите МиГ-29К/КУБ и МиГ-29М/М2. Летечките тестирања на Миг-35 почнаа на 26 јануари, додека на 27 јануари во Подмосковје беше одржана меѓународната презентација на новиот авион.