Синоптичари: Нема да има лето во Централна Русија
Во интервју за RT Тишковец соопшти дека жителите на централните региони на Русија ги очекува „скромно топло“ време.
На московските аеродроми одложени 450 летови
Експертот додаде дека летото ќе биде „стуткано“, сезоната за капење со температури под 25-30 степени ќе можат да ја отворат „само храбрите“.
Во Московскиот регион во неделата поради ветар, дожд и бура е објавен жолт степен на опасност. Ист степен важи на териториите на Тверската, Владимирската, Рјазанската, Калушката и Тулската област.
Како резултат на поројниот дожд, кој веќе го нарекоа „старозаветен“, во Москва и областа настрадаа повеќе од 20 лица. Тројца загинаа од удар на гром. За неколку часа паднаа 90% од месечната норма на врнежи, пренесува „Взгљад“.
