Уапсена жената која удри во пешак и побегна
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера е уапсена и лишена од слобода С.В.М. (42) која удрила пешак со своето возило и избегала од местото на настанот. Инцидентот се случил истиот ден, околу 14 часот, на крстосницата од булевар „Кузман Јосифоски Питу“ и улица „Бојмија“, кога таа со својот автомобил „Цитроен“ удрила во пешакот А.М. (38) и потоа избегала од местото на настанот без да му укаже помош.
Како што соопштуваат од МВР, повредениот А.М. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани телесни повреди.
По наредба на јавен обвинител, С.В.М. е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, велат од МВР.
Претходно дел од медиумите известија дека повредениот пешак по санацијата на повредите, самоиницијативно без одобрение од медицинскиот персонал и без да го информира персоналот во клиниката ТОАРИЛУЦ.
Настанот се случи во исто време додека траеја протестите поради смртта на 22 годишната Фросина Кулакова, која на 29 јануари беше прегазена на пешачки премин од 20 годишен пијан возач без дозвола кој ги поминал семафорите на црвено на булеварот Партизански одреди, близу Универзална сала.