ru24.pro
World News
Февраль
2025
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Белгија доби нова Влада-предводена од десничарска партија

0
Белгија доби нова коалициска влада предводена за прв пат од десничарската партија Нова фламанска алијанса (Н-ВА), објави јавува германската новинска агенција ДПА. Коалицискиот договор „падна “ по шест месеци преговори. 


Нов премиер на земјата ќе биде Барт Де Вевер, лидер на антиимиграциската фламанска националистичка партија Н-ВА, која победи на парламентарните избори во јуни.


Де Вевер, кој претходно беше градоначалник на пристанишниот град Антверпен, ќе ја предводи петпартиска коалиција.


Тој ќе владее заедно валонското либерално Реформско движење (МР), валонската центристичка партија Посветените (ЛЕ), фламанската социјалдемократска партија Напред (Вуројт) и десноцентристичката Христијански демократи и Фламанци (ЦДВ).




Една од главните цели на новата влада е да ги намали огромниот долг и новите задолжувања. Се очекуваат драстични социо-економски реформи, вклучително и сериозни намалувања на трошоците за социјалната држава. 


Владата го доби прекарот „Коалиција Аризона“, бидејќи боите на партиите, имено портокалова, жолта, црвена и сина, одговараат на знамето на американската држава. 


Формирањето влада во Белгија често е комплицирано и трае долго време, бидејќи повеќето партии на националните избори настапуваат или во Валонија во која се зборува француски или во Фландрија каде што се зборува холандски и немаат федерална организација.