Трудо: Ништо не е исклучено кога станува збор за канадскиот одговор на предложените тарифи на Трамп
Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави синоќа дека „ништо не е исклучено“ кога станува збор за одговор на воведувањето царина од 25 отсто на канадски производи предложена од новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, и оти ниту еден регион во земјата не треба да го сноси целиот товар од ова несогласување.
Трамп се закани дека ќе воведе царина од 25 отсто за сите канадски увозни производи.
„Мораме да одговориме на предизвикот со кој се соочуваме. Исто така, треба да се погрижиме товарот да биде распределен низ целата земја. Не можеме само да казнуваме еден регион бидејќи царините имаат поголемо влијание врз тој регион“, рече Трудо по петчасовниот состанок во Отава со премиерите на канадските провинции на разговори за заканите на Трамп.
Премиерот на Онтарио, Даг Форд истакна дека провинциите мора да бидат обединети во нивниот одговор на заканите на Трамп.
Сепак, премиерката на Алберта, Даниел Смит, која не е за блокирање на извозот на енергија во САД и ја предупреди Отава против тој одмазднички потег, не се потпиша на планот на федералната влада.
Смит учествуваше на состанокот виртуелно и беше единствениот премиер кој не учествуваше на завршната прес-конференција. Таа се сретна со Трамп во неговото одморалиште Мар-а-Лаго во Флорида и ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп во понеделник.