ru24.pro
World News
Январь
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

ЗНМ бара истрага и одговорност за опожареното возило на новинарка од Охрид

0
Полицијата во Охрид информира дека синоќа во 21:30 часот, 50 годишна охриѓанка пријавила дека пред нејзиниот дом било опожарено патничко возило „БМВ Икс3“. 


На терен интервенирала екипа на територијалната противпожарна единица, пожарот бил изгаснат, а повредени нема. Увид на самото место извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител возилото било однесено во кругот на СВР Охрид.


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) информира дека опожареното возило е во сопственост на дописничката на онлајн медиумот „Сакамдакажам.мк“ од Охрид, Сузана Вренцоска, како и дека постојат индиции оти се работи за намерно подметнат пожар.


Од ЗНМ најостро го осудуваат инцидентот и го повикуваат МВР да спроведе брза и темелна истрага за утврдување на сите детали и мотиви за овој тежок инцидент.


„Овој случај укажува на загрижувачки тренд на зголемени ризици со кои се соочуваат новинарите во земјава. Дополнително, ова не е изолиран инцидент. Во октомври 2024 година беше запалено и возилото на колегата Благој Серсемов, уредник на локалната телевизија и онлајн медиум М-нет од Штип. Иако мотивите за овие напади сè уште не се утврдени, важно е да се истакне дека ваквите инциденти, доколку немаат правна разрешница, може да создадат чувство на несигурност меѓу новинарите и да ја поткопаат нивната работа во служба на јавниот интерес“, посочуваат од ЗНМ.




Истовремено ги повикуваат надлежните институции да преземат итни и конкретни мерки за целосно расветлување на двата случаи, а сторителите мора да бидат идентификувани и соодветно санкционирани.


„Недозволиво е да постои неказнивост и да се создава простор за шпекулации во јавниот дискурс. Брзото дејствување е од клучно значење за зачувување на слободата на изразување и за спречување на самоцензура кај новинарите“, стои во реакцијата на ЗНМ.