ru24.pro
World News
Декабрь
2024

Вработени во службата за регистрација - осомничени за шверц на луксузни автомобили

0
Двајва вработени во управни служби за регистрација на возилата се меѓу десетмината осомничени за шверц на луксузни автомобили, соопшто Основното јавно обвинителство. Во нивното соопштение е наведено дека по спроведена претходна постапка и врз основа на обезбедените докази, Основното јавно обвинителство Скопје ќе поведе постапка против вкупно 10 лица за кои постои основано сомнение дека учествувале во дејствија криумчарење, фалсификување исправи и службени исправи, како и прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.


„ Лицата во текот на 2021 и 2022 година, со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во земјава автомобили кои биле предмет на меѓународна потрага, како и автомобили за кои на друг начин ја избегнувале царинската контрола“, се вели во соопштението.




Во него е посочено дека шверцуваните возила биле регистрирани во земјава и дел од нив по неколкупати меѓусебно си ги препродавале за да го прикријат криумчарењето, по што ги отуѓувале на крајни корисници.



„Еден од осомничените е државјанин на Република Грција и за него, со оглед на претходно воспоставената соработка меѓу Основното јавно обвинителство Скопје и грчките органи, кривичниот прогон ќе биде отстапен на Република Грција.“, е посочено во обвинителското соопштение.


Полицијата денеска вршеше претреси во Скопје, Битола, Неготино, Дојран, Гевгелија, во потрага по криминална група која шверцувала скапи возила од ЕУ.